Sky Lounge
Модерна. Стилска. Елегантна: Новата колекција Sky Lounge, е незаменлив избор за сите оние кои сакаат да креираат урбан, а истовремено софистициран животен простор. Прекрасни и експресивни дизајни, впечатливи и софистицирани, со фина релјефна (ембосирана) текстура и тридимензионалност.
Геометриските форми дополнително воодушевуваат со своите фантастични метални ефекти. Меѓусебната игра на сјајните и мат елементите создава прекрасни рефлексии кои истакнуваат различни делови од дизајнот во зависност од аголот на паѓање на светлината.
-
Големите бранови внесуваат релаксирачка пространост во просторијата.
-
Спротивставените форми на лепеза (купеа) му даваат на просторот динамична длабочина.
-
Испреплетените графички форми кои потсетуваат на сложувалка, креираат уникатно, смирувачко платно кое веднаш го привлекува погледот.
-
Микадо стапчињата расфрлани по свиленкастата позадина создаваат иновативен и инспиративен амбиент.
Дезените се надополнети со еднобојни тапети со фина линеарна текстура, кои прават просторијата да зрачи со спокој. Благодарение на паметната изведба на текстурата, еднобојните тапети изгледаат како да се составени од неколку различни нијанси.
Премиум палетата на бои вклучува светли нијанси како бела, беж, седефна (бисерна), таупе (сиво-кафеава), златна, сребрена и бакарна, како и потемни тонови како темносина, длабоко езерска сина и полноќно црна.
Погледнете ја целата колекција






Поврзани содржини